Во ситуација каде што фаи2 натпреварот во чиј што склоп требаше да се одржи и државното е откажан, пилотите самоиницијативно во истиот термин ќе направат самоорганизирано летање со цел за да се важи за неофицијално државно првенство.
11.08.2020 Вторник
19.00ч – 20.00ч Регистрација (Монтана)
12.08.2020 Среда
09.30ч Задолжителен прв брифинг за сите учесници (Монтана)
12.08 – 16.08 Среда – Недела
Натпреварувачки денови
11.00ч Брифинг на старт
За подобра организација, распределба на тракери, подобро планирање и сл, натпреварувачите мора да предадат пријава во предвиденото време за регистрација без разлика на тоа дека можеби нема да се присутни сите денови. Ако планирате да летате тие некој од тие денови мора да се пријавите на време!
Tрошоците ќе зависат од бројот на натпреварувачи и најверојатно ќе се приближно 50еур или 10еур на ден и ќе има организиран транспорт.
Сите што сакаат да помогнат се добредојдени, затоа што се потребни волонтери на неколку позиции и тоа:
Одговорно лице за регистрација
Task committee – 3
Safety committee – 3
Организирање на награди и пехари