Извештај од Ljuboten Open 2018

Во периодот од 24-27ми мај 2018 се одржа меѓународниот натпревар од FAI 2 категорија – Ljuboten Open 2018.

Со огромна помош од ЛК Љуботен – Тетово се обнови традицијата на организирање натпревари во параглајдинг на една од најубавите наши планини – Шара.

Сите натпреварувачи и организаторите беа сместени во планинарскиот дом „Конак“ што влијаеше врз позитивната атмосфера и дружењето меѓу сите пилоти.

Од вкупно 4 натпреварувачки дена беа спроведени 3 трки. Првиот ден имавме ниска облачност поради која не беше можно да се спроведе успешна трка, но сепак сите учесници можеа да летаат слободно. Во вечерните часови беа организирани предавања и ретроспектива на трката од тој ден. Предавања одржаа Владимир Неделковски на тема „безбедност во летањето со параглајдер“ и Мартин Јованоски – „подобрување на вештините во летањето со параглајдер“.

Подиумот на натпреварот го зазедоа:

Подиум
  1. Мартин Јованоски
  2. Борјан Јованоски
  3. Дарко Станковски

Видео извештај од натпреварот

Целосните резултати од натпреварот:

XC Лига 2018 – Ljuboten Open резултати

https://airtribune.com/ljuboten-open-2018/results