Извештај од првиот натпревар во крос-кантри од 2018

Автор: Ѓорѓи Ристовски

Во периодот од 7ми – 9ти април 2018 се оддржа првиот настан од крос кантри лигата во параглајдерство за 2018-та година, благодарение на Воздухопловната Федерација на Македонија, на новата генерација на млади пилоти желни за знаење a и на искусните пилоти кои со своето учество не себично го споделија своето знаење, Македонија е еден чекор поблиску до светската параглајдерска сцена во прелети со параглајдери.

Времето овој пат не нѐ разочара и имавме три од три тркачки дена со типични услови за Крушево и пелагониската котлина во овој преиод од годината, стабилно време со слаби термики и уште по стабилна рамница.

Прв ден. Првиот ден трката беше во еден правец, со ветер до граница со Грција, со влажна атмосфера и база до 1600м (во Крушево летниот период обично е околу 3000м). Се леташе од облак на облак со тежок дел по транзицијата кај селото Бучин каде што многу пилоти ја завршија трката. Мартин Јовановски беше прв во цел, по него втор и трет пристигнаа Борис Данески и Борјан Јовановски.

Втор ден. Благодарение на големотот присутво на пилоти од цела Македонија, вториот ден беше вистински празник за параглајдерството. Повторно имавме слаби услови но овој пат без облаци да ни ги покажат термичките столбови што ги направи работите малку по комплицирани. Трката беше помеѓу Крушево и селото Пресил и за крај на југ кон селото Ивањевци. Денот заврши прерано па така никој не успеа да стигна до целта, најдалеку стигна Борис Саздов а по него Мартин и Борјан Јовановски.

Трет ден. За последниот ден од првата лига во Крушево имавме силен јужен ветер кој ги направи работите по комплицирани. Овој пат рутата не водеше на север до селото Браилово. Водечката група ја заврши трката околу селото Дебрешта неколку километри од целта, а само Мартин Јовановски успеа да ја излета целата трка со што ја докажа својата врвна форма.

Резултати.

Слики прв ден.

Слики втор ден.

Виртуелен приказ за прв ден.

Виртуелен приказ за втор ден.

Виртуелен приказ за трет ден.